Искршено дрво од снегот предизвика прекин на струјата во оддел на струмичката болница

Утрово околу 06:30 часот искршено дрво во дворот на Одделот за неврологија и психијатрија во Медицинскиот центар во Струмица предизвика прекин на електричната енергија, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

-Дрвото паднало под притисок на снегот, а во отстранувањето учествувавме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, при што со моторна пила дрвото беше исечено и отстрането и со тоа им овозможивме на екипите на ЕВН да ја вклучат струјата, дополнуваат во информацијата струмичките пожарникари.

Утрово во Струмица се измерени над пет сантиметри снег, кој се уште врне и не предизвикува проблеми во сообраќајот и движењето на граѓаните. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега