Искористете го убавото време- и денеска сончево и топло

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време со слаб ветер од јужен правец.

По котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 и 14, а максималната од 23 до 29 степени.

 

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до десет, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега