Дел од жителите на Општина Бутел денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН.

Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервисот „Дон“.

Од 10:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и „Боца Иванова“.

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе останат и корисниците од улиците „Александар Турунџиев“ и „Рокомија“.

Exit mobile version