Исклучувања: Без струја голем дел од Скопје

 

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска, поради веќе закажани технички зафати во системот, без електрична енергија ќе останат:

– од 9 до 14 часот корисниците на дел од улицата Крчин (општина Карпош);

– 8.10 до 15.30 часот корисниците од улицата Јани Лукровски бр. 9, улицата Клетвеник бр. 1, дел од улицата Вмбел, улицата Лазар Поп Трајков бр. 36, дел од улицата Лазар Поп Трајков (кривината накај булеварот Киро Глигоров)(општина Гази Баба);

– 8.30 до 15 часот корисниците на дел од улицата Михаил и Ефтихиј, дел од улицата Народни херои, помеѓу улицата Георги Димитров и улицата Димо Х. Димов, дел од улицата Георги Димитров околу раскрсницата со улицата Народни херои (општина Аеродром).

01.09.2022 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега