Исклучени 28 возила за меѓуградски превоз- 23 од нив со неисправни кочници

28 возила за меѓуградски превоз исклучени од сообраќај, 23 со неисправни уреди за сопирање! 

„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат меѓуградски превоз на патници. Санкционирани се 28 возила, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности.“ соопштуваат од МВР.

Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа