Исчезнати две лица по судир на чамец со мигранти и брод на грчката крајбрежна служба

Во тек е акција за пронаоѓање и спасување на две лица, меѓу кои едно дете, откако утрово се судри чамец што пренесувал бегалци и мигранти со патролен брод на грчката крајбрежна служба во морскиот дел, источно од островот Кос, jави дописничката на МИА од Атина.

Во чамецот што од турското крајбрежје се упатил кон Грција, имало 34 лица, а од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека од спасените, седум биле пренесени во болницата на Коса, меѓу кои има и една бремена жена. Двајца се повредени, а останатите петмина превентивно биле префрлени в болница.

Со три бродови на крајбрежната служба, два од Фронтекс, еден хеликоптер супер пума, приватни чамци, како и припадници на специјалната нуркачка единица продолжува спасувачката акција за пронаоѓање на маж и дете од Сирија.

Според првичните информации од грчката крајбрежна служба, чамецот со бегалци и мигранти немал никаква сигнализација, а ниту едно од лицата што се превезувале не носло елек за спасување. За време на судирот, бродот на крајбрежната служба бил на редовна патрола во морскиот дел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега