Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски е исчезната од 11 јуни 2026 година, откако околу 8 часот наутро ѝ се губи секаква трага во германското гратче Корнвестхајм во близина на Штутгарт.
Таа последен пат била видена кога заминувала на работа во локална градинка во Корнвестхајм. Според официјалните информации добиени од нејзиното семејство, последниот активен сигнал од нејзиниот мобилен телефон бил забележан во градот Тибинген.
Во моментот кога исчезнала, Флоринда била облечена во бела јакна, црни фармерки и со себе носела сива торба.
Германската полиција е веднаш известена за случајот и веќе активно работи на терен и го истражува исчезнувањето, додека паралелно семејството ја продолжува потрагата по неа. Блиските упатија и јавен апел до сите граѓани кои можат да помогнат.
„Доколку сте ја виделе или имате каква било информација што може да помогне во нејзиното пронаоѓање, ве молиме веднаш контактирајте на: +49 176 41256860“, велат од семејството во објавата која се споделува на социјалните мрежи.


