Исчезна 16-годишна штитеничка на СОС Детското село

Шеснаесетгодишна штитеничка од СОС Детското село во Скопје е пријавена за исчезната, вчера во полициската станица Гази Баба од страна Установата за згрижување на деца и младинци без родители СОС Детско Село. 16-годишната М.С., која повеќе пати самоволно се оддалечувала од установата и била пронаоѓана и враќана од страна на полицијата, повторно е пријавена за исчезната. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Истиот ден, во 15:10 часот во полициската станица во Кисела Вода вработена во Центарот за социјални работи на град Скопје пријавено е дека од установата се оддалечила 17-годишната С.Е.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега