Уставен суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата трета седница, на која ќе се разгледуваат девет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.

Како што е најавено, седницата за првпат ќе биде достапна за јавноста преку директен пренос на официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот.

Од Судот информираа дека со ова се прави значаен чекор кон поголема институционална транспарентност, означувајќи почеток на најобемната реформа во делот на отвореноста – овозможување јавен пренос на седниците во живо.

На дневниот ред пред уставните судии се повеќе иницијативи, меѓу кои и постапка со која се оспоруваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, конкретно член 14 во делот што се однесува на „претседател на уставниот суд на Република Македонија и“ и член 15 во делот „судија на уставниот суд на Република Македонија“.

Exit mobile version