Иранскиот врховен водач ги повика сонародниците да ја продолжат борбата против Израел

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи ги повика своите сонародници да продолжат со борбите против Израел, кој не е држава, туку терористички гарнизон против Палестинците.

„Борбата против деспотскиот режим е борба против угнетувањето и тероризмот и наша јавна обврска е да се бориме против тој режим“, рече ајатолахот Хамнеи во телевизиското обраќање, пренесува „Ројтерс“.

Тој зборуваше по повод празникот Ден на Ерусалим, кој во муслиманскиот свет се слави на последниот петок од светиот месец рамазан.

Хамнеи истакна дека соработката на муслиманските земји на тој ден е кошмар за ционистите.

Makfaks

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега