Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормуска Теснина, јавија иранските медиуми.

За новиот механизам формирано е ново тело наречено Управа на Персиски Залив (Persian Gulf Strait Authority). Сите пловни објекти кои планираат да поминат низ Ормуска Теснина ќе добијат електронска порака од Управата на Персиски Залив, во која ќе бидат наведени новите правила и прописи.

Предвидено е бродовите пред влегување во Ормуска Теснина да добијат посебна дозвола за транзит.

Претходно, САД најавија операција Проект слобода, со цел да обезбедат сигурен премин на бродовите низ Ормуска Теснина. На тоа денеска реагираше морнарицата на Иранска револуционерна гарда, предупредувајќи ги бродовите да не отстапуваат од рутата одредена од Техеран, а во спротивно ќе се соочат со напади.

Exit mobile version