Иранската револуционерна гарда (ИРГК) вечерва објави почеток на масовен воен напад врз Израел, во рамките на операцијата „Вистинско ветување 4“. Според официјалните соопштенија од Техеран, за прв пат во борбени услови е употребена суперсоничната ракета „Хаџ Касем“, именувана по убиениот генерал Касем Сулејмани.

Имено „Хаџ Касем“ е разорно оружје со дострел од 1.400 км и брзина од неверојатни 12.000 км/ч.

Како примарни цели на нападот се наведени позиции во Тел Авив, Ерусалим и Бејт Шемеш. Иранските власти тврдат дека со овој бран напади се демонстрира новата моќ на нивниот ракетен арсенал, користејќи комбинација на камиказе-дронови и прецизни балистички ракети.

Exit mobile version