Ирак го зафати песочна бура - небото стана црвено, голем број луѓе завршија во болница

 

Ирак беше погоден од неколку песочни бури, поради што стотици граѓани завршија во болница, а воздушниот сообраќај беше запрен.

Ова е осма песочна бура во Ирак од средината на април, а поради црвената магла, видливоста во Багдад и околните градови е намалена на само неколку десетици метри.

Стотици луѓе беа хоспитализирани поради тешкотии со дишењето, а некои училишта и канцеларии беа затворени.

16.05.2022 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа