ИПИС анкета: ВМРО-ДПМНЕ 21.2% - СДСМ 19.5%

Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 21.2% од гласовите, а СДСМ 19,5%, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, за ДУИ би гласале 4.6% од гласачите, за Алијансата 2.9%, 1% за БЕСА и 0.4% за Алтернатива. Опозицијата има убедлива предност кај етничките Македонци. Анкетата покажува дека меѓу гласачите од македонска етничка припадност ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 27.8%, а СДСМ од 22,6%.

Кај етничките Албанци очекувано доминира ДУИ но одлично се држи и СДСМ. За ДУИ гласаат 19,2% од етничките Албанци, а за СДСМ 9.8%. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај албанската заедница изнесува 0,8%. Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот од 14ти до 16ти јуни врз репрезентативен примерок од 1119 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега