Инвазија на глувци: Евакуиран затворот во Австралија (ВИДЕО)

Инвазијата на глувци, која во последните месеци целосно го „гризна“ западен Нов Јужен Велс, сега ги принуди властите да го евакуираат затворот во таа област.

Околу 200 членови на персоналот и 420 затвореници во затворот Велингтон ќе бидат префрлени во други затвори во следните 10 дена за да ја санираат штетата предизвикана од глодарите.

"Здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените и притворените лица се наш врвен приоритет. Затоа е важно да се дејствува што е можно побрзо за да се отстрани ова", рече комесарот за затворски услуги на НХВ Питер Северин.

Глувците ги оштетиле sидовите и таваните и ги гризнале каблите во затворот, поради што еден тим мајстори ќе остане во Велингтон за да ги санира штетите, но и да најде начин да спречи ново зафаќање од штетници.

Источниот дел на Австралија е цел на инвазија на глувци кои влегуваат во куќи и уништуваат посеви со месеци.Животните се појавија во октомври поради исклучително добра жетва по големата суша.

22.06.2021 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа