Интерпол се вклучува во потрага по Сашо Мијалков- се претресуваат автомобили
Во потрагата се вклучува и Интерпол откако вчера попладне МВР објави меѓународна потерница, пренесува „Канал5“.
Засега, полициската станица во Кисела Вода е центарот на истрага за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
На информативен разговор повикани се членовите на семејството на Мијалков, меѓу кои неговиот брат и синовите, како и припадниците на неговото обезбедување.
Од МВР, за Канал 5, велат дека се направени претреси во повеќе автомобили, земена е документација, мобилни телефони и лап топ компјутери, но засега од полицијата не откриваат дали имаат трага каде би можел да се наоаѓа Мијалков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа