Интензивни преговори во Собранието за промена на името - во игра нови пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

На половина час по терминот во кој беше закажана денешната седница за промена на името, во Собранието течат интензивни преговори. Извори од таму за Press24 откриваат дека две групи претставници на власта водат преговори и со Касами и со пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ во обид да се обезбеди двотретинско мнозинство.


Според нашите информации, во преговорите се вклучени и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои исто така се во Собранието и кои делуваат како посредници.
Според информациите кои се веќе познати, камен на сопнување е државјанството.


Барањето на БЕСА е неприфатливо за овие пратеници бидејќи според нив, тоа директно удира врз македонскиот идентитет.
Извори од мнозинството велат дека има простор за оптимизам и дека веднаш штом се постигне договор, седницата ќе биде закажана. Според некои неофицијални информации, во игра се и нови пратеници од опозицијата кои би дале поддршка на промената на уставното име.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да учествуваат во оваа фаза од промената на уставното име.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега