Инстаграм ја цензурираше сопругата на Ѓоковиќ поради 5Г

 

Јелена Ѓоковиќ, сопруга на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се соочи со цензура на социјалнта мрежа Инстаграм.

Јелена објави видео од извесен американски доктор кој тврди дека во ширењето на коронавирусот придонела експанзијата на 5Г мрежата.

-Толку видеа кружат со денови, различни теории за причините за Корона, методологии за лечење, превенција... еве една која ја добив пред некој ден. Кој има време нека погледне. Баш ме интересира што интересира. Пишете, напиша сопругата на Новак Ѓоковиќ.

Инстаграм врз видеото постави предупредување „Fake news“, односно, „Лажна вест“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега