Инспектори со полиција влегоа во куќата на лекарот што ја оперираше жената што остана без бубрег, матка и јајник

Со асистенција на полицијата, инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево влегле во куќата на лекарот и директор на струшката болница, доктор Мухамед Асани, потврдуват за Слободен печат од инспекторатот.

„Бидејќи во тек е стручен надзор, во овој момент не можеме да споделуваме информации со јавноста”, велат оттаму.

И од МВР потврдуваат дека нивни екипи асистирале во операцијата, но зошто била потребна нивната асистенција, со каква цел било влегувањето во домот на докторот засега не се открива.

Да потсетиме, пред 3 дена, Сител го објави потресното сведоштво на родилката од Дебар за Сител. 28-годишната Јилдиз Веповска цели четири седела во агонија во струшката болница пред докторите да проверат зошто таа има силни болки во стомакот.

Постојано се жалела на болки во стомакот, но и покрај лошата здравствена состојба, директорот на болницата, д-р Мухамед Асани три дена по породувањето и дал отпусно писмо. Но, веднаш штом го повикала сопругот, нејзината состојба значително се влошила.

-Јас добивам огромни напади, плачам, пискам, викам и кажувам дека имам огромни болки. Му се јавувам на мојот сопруг, му велам: „Јас умирам, барај го докторот“, додавајќи дека откако дошол д-р Асани заедно со анестезиологот, ѝ направиле ЕХО и ѝ рекле дека мора да влезат во операциската сала.

На Веповска не ѝ било јасно зошто повторно треба да оди на операција, а медицинскиот персонал не ѝ кажувал зошто треба да се оперира. Влезот во операциската сала е последното нешто на што се сеќава. 10 дена била во кома, а се разбудила во Скопје на КАРИЛ без едниот бубрег, матката и јајникот.

- Кога се будев, јас сум Скопје, на КАРИЛ, на 300 апарати на Интензивна нега, вели Јилдиз.

Таа и нејзиното семејство се сомневаат дека наместо д-р Асани, породувањето го вршел неговиот син, и оти тука некаде се случила грешката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега