Засилени инспекции од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) се насочени кон матичните гинеколози, при што се откриени неправилности во неиздавањето фискални сметки.

Како што неофицијално дознава „Слободен печат“, ова доаѓа по мониторингот од невладините организации од октомври 2024 година, кој покажа дека на жените често им се наплатуваат бесплатни здравствени услуги, а притоа не им се издава фискална сметка.

Проширени контроли на ФЗОМ:

Фондот за здравство извршил инспекции и во други сектори, вклучувајќи:

  • Службата за итна помош
  • Реалноста на боледувањата и начинот на кој се исплаќаат платите.

Резултатите од сите овие контроли се очекува да бидат објавени следната недела.

Проблем на Онкологија:

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција се осврна и на актуелниот проблем што на Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Exit mobile version