Инфектологот Пелемиш открил кој е единствениот начин за заштита од коронавирусот - само така може да се спречи

Членот на српскиот Републички кризен штаб, инфектологот Мијомир Пелемиш, изјавил утрово дека не постои поинаква одбрана од коронавирусот, болеста може да се спречи само со почитување на мерките.

„Ги повикувам сите да размислат дека со совоето однесување не се загрпзуваат само себеси, туку и своите најмили, како и својата околина. Се надевам дека им значат другите“, истакнал Пелемиш за ТВ Прва.

Тој додал дека вирусот е меѓу нас и дека не знаеме кој има вирус, а кој нема.

„Бројот кој го читаме и слушаме не е мерило кој го има вирусот, а кој не. Тоа ќе го знаеме ако ги тестираме буквално сите, а тоа е невозможно“, рекол Пелемиш.

Според него, маските мораат да се носат во затворен простор и на отворено ако нема дистанца.

„Комуникацијата овозможува ширење на вирусот, кога разговараме тој се шири, капките на вирусот ги има во воздухот не само кога кашламе и киваме“, објаснува инфектологот.

Тој додал дека произведувањето на вакцината ќе има корист, но бара долго испитување и нема брзо да се појави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2020 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега