Индија подигна ѕид за да ги сoкрие сиромашните од Трамп

Ѕид од тули долг половина километар е бргу подигнат во индиската држава Гуџарат пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, за да го скрие од погледите сиромашниот град каде живеат повеќе од 2.000 луѓе.

„Потрошија толку многу пари на овој ѕид, зошто да не ги искористат за да го подобрат нашето соседство и да го направат подобро за нас“, изјави Кеши Саранија, еден од жителите.

„Зошто нè кријат нас сиромашните“, се прашува тој, пренесе АП.

За време на дводневната посета на Индија следната недела, Трамп ќе го посети градот Ахмедабад во Гуџарат за да присуствува на настанот наречен „Намасте Трамп“, што значи „Здраво Трамп“, на стадионот за крикет.

Минатиот септември се одржа митингот „Здраво Моди“ кога Трамп беше домаќин на индискиот премиер Нарендра Моди во Хјустон.

Трамп ќе се вози низ сиромашните делови на градот и ќе биде придружуван од Моди, кој е од областа Гуџарат.Високиот владин претставник Бидал Пател изјави дека ѕидот е изграден од безбедносни причини , а не да го скрие сиромашниот кварт.

„Освен безбедносни причини, ѕидот беше подигнат заради убавина и чистота“, рече претставникот.

 

Властите вчера испратија известувања за иселување на 45 семејства кои живеат во друга сиромашна населба во близина на стадионот за крикет.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега