Инцидент во средно училиште во Скопје: Малолетници нападнале четворица ученици

 

Четворица ученици нападнати вчера во средно училиште во Скопје. МВР информира дека во 11:15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на 17-годишниот Е.Џ., 16-годишнио А.Б. и уште едно лице со употреба на нож бил нападнат 18-годишниот С.Р. од Скопје. Напаѓачите потоа физички нападнале уште тројца ученици на возраст од 17 и 18 години, по што го напуштиле местото на настанот. С.Р. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.  Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2018 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа