Инцидент во скопско - маж нападнат со остар предмет

 

Маж се здобил со повреда на рамото откако физички бил нападнат во скопско, информира МВР.

Вчера во 21:00 часот 39-годишниот В.М. од Скопје пријавил дека околу 20:10 часот на ул. „Кемал Сејфула“, по вербална расправија, бил физички нападнат од 30-годишниот А.А. од Скопје, кој со остар предмет му нанел повреда на рамото. Полицијата работи на расчистување на случајот, информира МВР.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега