Инцидент во скопски ресторан: Прво ги нападнале, па им извадиле пиштол

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Скопје, по претходна расправија, 24-годишниот А.Ш. и 53-годишниот И.Ш., двајцата од село Љубин, скопско, биле физички нападнати од М.Р., Х.Р. и уште две лица. Според пријавеното, притоа Х.Р. со пиштол му се заканил на А.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

17.09.2021 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа