Ноќеска во 01:30 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.К.(30) и А.М.(40), двајцата од Скопје.

Полициски службеници го забележале М.К. како фрлил кеса со марихуана, а при обид да извршат проверки ги нападнал полициски службеник и се обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода. Додека, А.М. се обидел да ги спречи полициските службеници да го лишат од слобода и приведат М.К., по што и тој бил лишен.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version