Вчера во 00:05 часот во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци.
Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал.
Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил стакла и други делови од инвентарот.
За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а по целосно документирање на случајот против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
- Вучиќ одлучен: Србија гради силна војска за никој да не помисли на напад
- Штипјани вечерва им оддадоа почит на загинатите од Кочани
- Би-Би-Си алармира: Западот не е подготвен за поморска војна во Ормутскиот Теснец
- Муцунски: По трагедијата странските земји ни потврдија дека имаме пријатели ширум светот
- Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
- Голема заплена во Загреб: Полицијата пронајде 52 килограми нелегален тутун
- „Нема веќе иранска морнарица“: Трамп тврди дека воената моќ на Техеран е уништена
- (ВИДЕО) Мицкоски: 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање


