Инцидент во основно училиште во Аеродром: Таткото му ги држел рацете на второодделенец, а синот му удирал тупаници

Голем инцидент се случил вчера во Основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром кога родител на второодделенец насилно влегол во објектот и го натерал својот син да истепа друго дете, пренесува „Пулсинфо“.

Според извори кои раскажуваат за порталот, инцидентот започнал откако двајцата второодделенци се степале меѓусебно, а по завршувањето на тепачката, едното дете побарало помош од својот родител. Кога пристигнал родителот, додаваат тие, тој го зграпчил другото дете, а на својот син му наредил да го удира.

Случајот во полиција го пријавил таткото на истепаното дете.

– Во Полициската станица Аеродром, 44-годишниот С.Т. од Скопје денеска пријави инцидент што се случич вчера во Основно училиште во населбата Аеродром. Според неговата изјава, откако се степале неговиот син и друг соученик, дошол родителот на соученикот и го фатил за рака неговиот син, а соученикот го удирал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат за Плусинфо од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега