Инцидент во Општина Боговиње: Влегле во канцеларија и му се заканувале на вработен

Тетовската полиција информира дека во два случаи се поднесени кривични пријави за осомчени  за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Осомничени се 29 годишник од Тетово, како и двајца од Боговиње.

– Кривична пријава за Љ.И.(29) од Тетово, има за „загрозување на сигурноста“ затоа што на 17.09.2020 во Тетово, на ул.„142“, додека А.Б. и Љ.Ѓ., вработени во фирма,  извршувале работни задачи, Љ.И. им упатил закани, по што со остри предмети скршил ормар кој оштетените го поставувале, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За истото дело двајца жители на Боговиње се осомничени дека му се заканиле на вработен во општината.

– Кривична пријава има и за Ќ.Б.(58) и В.Б.(32), двајцата од с.Боговиње, Тетовско. Тие на 29.09.2020, додека Ф.Џ. од с.Камењане, Тетовско, бил на работното место во Општина Боговиње, во неговата канцеларија влегле Ќ.Б. и В.Б. и почнале агресивно да се однесуваат, упатувајќи му закани, информираат од СВР Тетово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега