Инцидент во Косово: Полицијата рани две лица откако се обиделе да ограбат возило за транспорт на пари

Непознати лица се обиделе да ограбат возило што превезувало пари на патот Приштина-Гњилане, кај езерото Бадовац, а во инцидентот се ранети двајца учесници, соопшти вечерва косовската полиција.

 

Полицијата се сомнева дека разбоиниците пукале во возилото за транспорт на пари, а откако не успеале во намерата избегале од местото на настанот. Двете ранети лица се превезени во болница, велат од косовската полиција, пренесува Бета.

 

На местото на инцидентот се излезени сите ресорни полициски сили и се преземаат истражни мерки за расветлување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега