Инцидент во гостиварско: Маж ранет со нож

Инцидент се случил во гостиварско кога маж би повреден со нож и тоа од соселанец.

Околу 18 часот вчера во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен 35-годишниот Ф.М. од селото Падалиште, со убодна рана во левата надлактица, a која со нож му ја нанел 41-годишниот соселанец Б.С. пренесе Тв21.

Претходела меѓусебна вербална расправија околу двајца малолетници, роднини на Б. С, кој набрзо потоа лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега