Инцидент во Чаир - со копач, секира и нож нападнати четири лица

 

Четворица скопјани биле нападнати од три лица кои употребувале нож, секира и копач, информира МВР.

- Вчера во 04:30 часот во СВР Скопје, 19-годишниот И.С. од село Никиштане,скопско пријавил дека на 22.02.2020 околу 23:50 часот кај место викано „Чаирчанка“ на ул.„Цветан Димов“ поради нерасчистени должничко доверителни односи и претходна расправија пријавителот и Љ.Е, Р.С. и А.А. биле физички нападнати од Б.Ј, Е.Н и уште едно непознато лице кои што во нападот употребиле нож, секира и копач. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега