Инцидент на седницата на СЗО – Етиопскиот пратеник прекинат поради критикување на директорот

Претседателот на Извршниот одбор на Светската здравствена организација, Патрик Амот, во понеделникот го прекина етиопскиот пратеник додека тој се обидуваше да одржи говор кој содржеше критики за генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.

Претседателот Амот ја одложи и одлуката за барањето на Етиопија да ги преиспита постапките на генералниот директор на СЗО, пренесува „Ројтерс“.

Инцидентот се случи на еднонеделниот состанок на Извршниот одбор на СЗО на кој се разговараше за кандидатурата на актуелниот генерален директор Гебрејесус, од етиопскиот регион Тигар, за втор мандат како шеф на здравствената агенција на ОН.

25.01.2022 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега