Инцидент на конститутивната седница на хрватскиот Сабор, вербално нападната пратеничка

Пратеничката на новиот хрватски Парламент, Катарина Пеовиќ од Работнички фронт, тврди дека денеска во Саборот дошло до инцидент, кога била вербално ја нападната од пратеник на ХДЗ.

-За време на паузата во парламентот бев вербално нападната од пратеникот на ХДЗ, Винко Зулим, кој врескаше лудо дека моите предци колеле луѓе. Се обидовме да го замоламе да не остави на мира, но дури и тоа не помогна, се додека неговите луѓе не го повлекоа од кафетеријата, напиша Пеовиќ на својот профил на Твитер.

Зулум, исто така, е градоначалник со најдолг стаж во далматинската општина Сегет. Со неговото име во минатато се поврзуваа бројни скандали, а некои од нив беа за проневера и злоупотреба на општински пари за приватни цели, потсетува весникот „Јутарњи лист“ од Загреб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега