Инцидент на гласачко место во Струга - нападнат полициски службеник

 

Полицаец кој извршувал службени дејствија поврзани со изборите бил нападнат на гласачко место.

-Вчера во 11;00 часот во дворот на училиштето „Зини Хани“, во струшкото село Велешта, В.Ќ.(31) и А.Ќ.(28), двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие најпрво упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа