Инцидент на булевар во Скопје


Скопјанец нападнал три лица на улица, а тие настанот веднаш го пријавиле во полиција.

Во 20.38 часот во СВР Скопје, 69-годишниот Ј.Е. од Скопје, В.Г.(37) и П.Д.(42), двајцата од селото Долно Лисиче, скопско, пријавиле дека околу 20.30 часот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ биле физички нападнати од  31-годишниот К.Ф. од Скопје.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега