На 30 мај 2026 година околу 21:30 часот во СВР Скопје, Т.Р. (19) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар дошло до физички напад во кој биле повредени повеќе лица.

Според пријавата, тој, неговиот татко и брат, како и уште седум лица од боречки клуб, биле нападнати од Ј.Р., Б.Е. од друг боречки клуб и уште неколку други лица. При нападот биле употребени тврди и остри предмети, како и стаклени предмети, при што повеќе лица се здобиле со повреди.

Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Exit mobile version