Инцидец убиен од неговиот петел за борба: Се обидел да се ослободи, па му зарил канџи во врат

Индиецот Сарипали Чанавенкатешварам Рао починал откако на пат кон организирана борба со петли бил нападнат и убиен од сопствениот петел.

Рао од јужната индиска сојузна држава Андра Прадеш редовно со своите петли учествувал во локални борби. Тој на 15-ти јануари тргнал да го регистрира својот петел на натпреварувањето кога животното се обидело да се ослободи и притоа му ги забило канџите во вратот.

Портпаролот на локалната полициска станица за „СиЕнЕн“ изјави дека Рао, инаку татко на три деца, итно бил пренсен во болница, но починал од мозочен удар.

Инаку, борбите со петли во Индија се забранети од 1960-та година, меѓутоа тие и натаму незаконски се одржуваат ширум земјата.

„Законите се многу јасни. Борбите на петли не се организираат само поради забава, туку станува збор и за обложување. Мислам дека тоа нема никакви врски со нашата култура. Станува збор исклучиво за желба за заработка и коцкање“, изјави Гаури Маулеки, директор на индиската организација „Луѓе за животни“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега