Имала лице од соништата, а мажите не трепкале кога ја гледале - денес е издеформирана од пластичните операции

Лара Флин Бојл некогаш беше една од најбараните актерки, а се прослави со нејзината улога во серијата „Твин Пикс“, кога имаше само 20 години.

За кратко време стана секс-симбол, а глумењето одлично ѝ одеше. По „Твин Пикс“ се појави во повеќе филмови и серии, но речиси ништо не можеше да го надмине успехот кој го постигна со својата прва улога.

Но, за кратко време во фокусот на медиумите беа нејзиниот бурен љубовен живот, но и естетските корекции со чија помош таа се обидува да го зачува младиот изглед.

Сепак, она што може да се забележи е дека наместо тоа, целосно ја имаат уништено и денешната Лара воопшто не личи на онаа која публиката ја обожаваше во 90-тите.

За неа блиските велат дека веќе е зависна од естетските операции и дека сака да го забави процесот на стареење. Но, наместо тоа, Лара е пример како не треба да изгледа жена која ја зачувала својата младост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега