Имал помалку од 50 кила и едвај се движел - Детали за смртта на легендарниот актер

Еден од најголемите српски и југословенски актери, Михаило Миша Јанкетиќ, почина денеска во Белград на 80 години.

Инаку, пред смртта целосно се сменил. Сите го познавале како голем боем, а последните години актерот само седел дома.

Бил нервозен кога шетал, а неговата сосетка за српскиот Курир вели дека едвај се движел во последно време и буквално едвај тежел 50 килограми.

Во богатата кариера Миша Јанкетиќ има одиграно повеќе од сто улоги во театар, главно во Југословенското драмско позориште. Остави огромен белег на филмот, телевизијата и радиото. Тој е добитник на сите најзначајни актерски награди, „Добричин прстен“, „Октомвриска награда“, четири „Стерииини“ награди, награда „Павле Вујисиќ за животно дело“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега