Имаат 15 новозаболени со Ковид-19, а ниту еден починат: Сепак воведа двенеделен карантин (ВИДЕО)

Виетнам прогласи двонеделен карантин во третиот по големина град во земјата, откако беа откриени уште 15 случаи на коронавирус во болниците, објави владата.

Неколку пациенти и здравствени работници во болницата во Да Нанг се заразени, пишува АП.

Јавниот превоз во и надвор од Да Нанг е откажан.

За време на викендот за илјадници, претежно виетнамски туристи, заврши одморот во тоа популарно приморско одморалиште.

Властите проценија дека неколку стотици луѓе ќе бидат заробени во Да Нанг поради откажаниот превоз и побара од хотелите да им обезбедат сместување.

Во неделата владата апелираше до луѓето да одржуваат физичка дистанца во градот со повеќе од милион жители, пишува АП.

Досега во Виетнам се регистрирани 531 случаи на Ковид-19, без жртви.

Виетнам сè уште не ги отвори своите граници за туристите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега