Има само кредит на свое име - каков имот пријавила Лиле Стефанова во Антикорупциска

Според нејзиниот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, обвинителката Лиле Стефанова која неделава сведочеше за случајот „Рекет“, на свое име пријавила заем и кредит од 600 илјади денари. Како што пишува во анкетниот лист кредитот ќе го исплаќа до 2020 година, а заемот од 1,2 милион денари, како што навела требало да го врати во 2017 година, објави е-Магазин.

На име на сопругот пријавила неколку парцели земјоделско земјиште во Радовиш, кои се подарок, како и куќи во Радовиш и Раклиш, исто така подароци и возило Пежо 206.

На име на децата пријавила стан во Скопје од 77 метри квадратни, проценет на 4,4 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега