Има повредени во протестите вечерва пред Собрание - се слушаа сирени на Брза помош

 

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарад

ес.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.

Протестот беше организиран преку социјални мрежи.

Има неколку повредени во демонстрациите вечерва пред Собранието на Македонија. Интервенираше и Брзата помош.

Од службата за итна помош за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека интервенирале на барање на полицијата и дека нивните екипи се на терен, без да дадат информации за бројот на повредени.

 

 

 

17.06.2018 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа