Вчера во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.„Н“ од Тетово.
Според пријавеното, во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Хаос на небото над Европа: Леден дожд ги затвори аеродромите во Виена, Будимпешта и Братислава
- Падна пресуда: 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип
- Одложено утрешното рочиште за трагедијата во „Пулс“
- Касами оди на лидерска кај Мицкоски, бараат укинување на техничката влада
- По 13 години нафтоводот Солун – Скопје повторно пуштен во функција, пристигна првата пратка дизел
- Гаши се прости со Агелер
- Жена прегазена на крстосница во Охрид
- Киев во мрак на минус 22 степени по најжестокиот руски напад врз енергетската мрежа

