Администрацијата на Доналд Трамп сериозно размислува за испраќање на илјадници дополнителни американски трупи на Блискиот Исток, како дел од операцијата „Епски бес“. Иако официјална одлука сè уште нема, извори од Белата куќа за „Ројтерс“ откриваат дека военото планирање веќе вклучува високоризични сценарија.
Се разгледува испраќање копнени сили на овој остров, кој е центар на 90% од иранскиот извоз на нафта. Наместо уништување, САД сакаат контрола врз него.
Трамп размислува за користење специјални единици кои би го презеле и обезбедиле високо збогатениот ураниум на Иран.
Засилување на присуството за гарантирање на безбеден премин на танкерите, што може да вклучи и војници на самиот ирански брег.
Од Белата куќа порачуваат дека Трамп ги држи „сите опции на располагање“ за да ги уништи балистичките капацитети на Техеран и да гарантира дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје. Сепак, секој „чизма на терен“ носи огромен политички ризик за претседателот, кој вети дека ќе ги држи САД подалеку од нови војни.


