Илија Димовски: 52.051 нови невработени во земјава

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, во денешната објава на ФБ се осврнува на порастот на невработените лица во земјава. Тој на ФБ напиша:

„52.051 нови невработени !!!

Луѓето остануваат без работа, Владата е неспособна(мерките не даваат никаков резултат за граѓаните)

-на 01.01.2020 година бројот на невработени лица кои бараат работа во цела Република Македонија е 101.748 (бројки од АВРМ)

-на 31.10.2020 година бројот на невработени лица кои бараат работа во цела Република Македонија е 153.799 (бројки од АВРМ)

- 52.051 лица останале невработени за само 10 месеци

- 170 лице секој ден ја губат својата работа, 170 работни места секој ден помалку- ваква динамика на губење работни места (и нови невработени лица) имаше само во време на транзицијата

- пакетите за економска помош од Владата не понудија реална помош за она што е најпотребно, работни места

-негирањето на катастрофалната состојба и лошото справување од страна на Владата ќе не однесат во уште полошо сценарио - Владата не е способна да се справи со овој галопирачки проблем, нема знаење

-секогаш кога СДСМ е на власт бројот на невработени расте

- видете (подолу на сликите) во табелите кој град колку нови невработени има – Велес 1.531 – Гостивар 4.213 – Скопје 12.005 – Битола 2.043 – Кочани 1.101 – Куманово 4.186 … … и изборниот – Штип 1.969“, пишува Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа