Илиевски поднесе прекршочна пријава против Државниот универзитет-Тетово и ректорот Амети

Вишиот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, денеска поднесе прекршочна пријава против Државниот универзитет во Тетово и ректорот Вулнет Амети, а истата ја достави во тетовскиот Основен суд, дознава Факултети.

Илиевски вели дека при редовниот инспекциски надзор на Правниот факултет при ДУТ утврдил дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нихиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски напредувале во наставно-научни звања.

Тој на 27 јули извршил и контролен надзор, а денеска закажал т.н порамнување.Бидејќи тетовскиот универзитет не постапил согласно неговите барања-поништување на звањата на функционерите, тој денеска поднесе прекршочни пријави.

Граѓани, пак со онлајн-петиција му даваат поддршка на инспекторот Илиевски. За два дена се собраа околу 2000 потписи, а бројот на граѓани кои ја потпишуваат постојано расте.

-Кажете еднаш засекогаш НЕ! за криминалот во Македонија, стои во отворената петиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега