Илиевски: Мислевте дека ќе ни се сожалат Бугарите за името, па Гоце не ќе ни го гибаат

Еден од водачите на Заедничка Македонија, Богдан Илиевски, е зачуден од кусогледоста на „господата преговорачи, апологети, гласачи и поддржувачи“ кои очекувале со попуштањето на Грција, да се заврши работата, а притоа и Бугарија е земја-членка на ЕУ, која исто колку и Грција, може да нè блокира на патот кој ЕУ.

„До сите кои сега сте вознемирени и зачудени што заедничката комисија за славење на историјата со Бугарија УСЛОВУВА дека ако не го признаеме Гоце Делчев за Бугарин, ќе се повлече од разговорите, ерго ќе имаме мака на скалите кон Брисел… ШТО МИСЛЕВТЕ, БРЕ? Што мислевте кога го потпишувавме договорот, и го поддржувавте како „решавање на прашањата со еден сосед“. Како „ставање крај на иредентизмот на Балканот“. ШТО МИСЛЕВТЕ? Што ви беше во главата? Каква вода пиевте, какво месо јадевте? ШТО МИСЛЕВТЕ? Што мислевте дека ќе се случи? Дека одеднаш ако си го смените името ќе си речат: „еј, види ги овие јадници, кутри се, ајде, Гоце нема да им го гибаме“??? Тоа ли си го мислевте? Од првиот до последниот, на тоа ли се надевавте? Како бре не помисливте дека како држава која се брише самата себе „во име на блескавата иднина“ сте НАЈЛЕСЕН ПЛЕН за сите соседни мршојади кои едвај чекаат да се насладат од пленот кој се самоубил? ШТО МИСЛЕВТЕ? ШТО МИСЛЕВТЕ? ШТО МИСЛЕВТЕ?

И сега… читам луѓе кои… се вознемирени, ужаснати и забезекнути од „страшните барања на бугарската комисија за историја“. Хеј, па секој кој поминал 10 минути на интернет ја знае бугарската позиција во однос на нашите историски и национални прашања. Владата се СЛОЖИ тоа да стане предмет на договор и договарање. ШТО МИСЛЕВТЕ бре дека ќе се случи? Земја-членка на ЕУ решава да преговара за „најромантичниот дел“ од сопствената историја со вас и ЌЕ ВИ ПОПУШТИ?? ШТО МИСЛЕВТЕ, ШТО МИСЛЕВТЕ, ШТО МИСЛЕВТЕ дека ќе се случи, господа преговорачи, апологети, гласачи и поддржувачи.

Што мислевте, црно ви семе ваше?„ стои во неговата објава на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега