ИЈЗ: За една недела намален бројот на нови случаи со Ковид-19, зголемен бројот на оздравени и починати

Во периодот од 11 до 10 јануари се направени вкупно 14.111 тестирања за ковид-19, што е за 8,4 отсто повеќе од претходната недела, а регистрирани се 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, односно 3,0% помалку од претходната недела, пишува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.089 или 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 238,5/100.000 е регистрирана во Ресен. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19 проценти, просечно 16 проценти, што претставува намалување од 3 отсто во споредба со минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (631, односно 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (446, односно 18,6%), 30-39 (422 или 17,6%), 50-59  (403 или 16,8%) и 20-29 (352 или 14,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (31, односно 1,3%) и 10-19 години (112, односно 4,7%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.

Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега