ИЈЗ: Регистрирани се161 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 и едеден починат.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-15, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-7, Гостивар-35, Радовиш- 1, Крушево-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-5, Ресен-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083, бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега